Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика земјите-членки на НАТО да ја поддржат американската војска и претседателот Доналд Трамп во војната против Иран, нагласувајќи дека Трамп тргнал во војна против Иран за да „го направи животот безбеден за сите“.
Руте во интервју за Си-Би-Ес изјави дека на европските сили им е потребно време да се предомислат во врска со поддршката на војната бидејќи не биле вклучени во првичното планирање, со цел, според него, да се зачува елементот на изненадување на американско-израелските напади.
„Ја разбирам фрустрацијата на претседателот (Трамп) зошто се случува ова, но исто така барам разбирање, бидејќи овие земји се подготвуваат без да знаат за тоа (изненаден напад врз Иран)“, рече Руте.
Тој ја спореди ситуацијата со Иран со онаа на Северна Кореја, оценувајќи дека нуклеарен Иран би бил закана за Израел, Европа и глобалната стабилност.
„Видовме со Северна Кореја, ако преговарате предолго, можете да го пропуштите моментот кога сè уште можете да го решите прашањето. Северна Кореја сега има нуклеарни капацитети“, рече Руте.
Трамп претходно ги критикуваше сојузниците во НАТО за, како што изјави, одбивањето да учествуваат во операциите против Иран и рече дека Вашингтон ќе „се сети“ на таквото однесување.
Трамп на својата социјална мрежа Truth Social изјави дека НАТО без САД е „хартиен тигар“ и дека сојузниците се „кукавици“ затоа што не сакаат да учествуваат во борбата за запирање на „нуклеарен Иран“.
Тој оцени дека оваа борба сега е „добиена воено“, со мал ризик за другите земји, но дека и покрај ова, некои членови на алијансата ги критикуваат високите цени на нафтата. Според него, причината за зголемувањето на цената е ситуацијата во Ормутскиот теснец, а сојузниците, како што тврди, не сакаат да помогнат во неговото отворање, што го опиша како „едноставен воен маневар“.
Трамп даде итна изјава – удри по НАТО
Трамп му се закани на НАТО: „Ако не ни помогнат…“
„Тоа би било лесно за нив и со минимален ризик. Кукавици, ќе го запомниме тоа“, заклучи Трамп.
Сепак, некои членки на НАТО ги отфрлија повиците на Трамп, наведувајќи дека се подготвени да помогнат во обезбедувањето на Ормутскиот теснец, витален нафтен пат, но не за време на војна која, како што нагласуваат, тие не ја започнале.
САД и Израел го нападнаа Иран во сабота, на 28 февруари, во она што беше објавено како „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран. Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток.