Македонија

Тошковски: Арсовска не го потпишала полицискиот записник – станала и си отишла

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување на Сител ТВ, говорејќи за денешниот инцидент на градоначалничката на Град Скопје, кажа дека Данела Арсовска не го потпишала полицискиот записник. „Дошла во полициска станица, била примена од страна на полициските службеници, отпочнале со полициски дејствија. Меѓувремено контактирале јавен обвинител. Лицето коешто го навела како такво е приведено […]

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување на Сител ТВ, говорејќи за денешниот инцидент на градоначалничката на Град Скопје, кажа дека Данела Арсовска не го потпишала полицискиот записник.

„Дошла во полициска станица, била примена од страна на полициските службеници, отпочнале со полициски дејствија. Меѓувремено контактирале јавен обвинител. Лицето коешто го навела како такво е приведено е во полициска станица, и плус други две лица коишто вербално се заканувале. И пазете сега. При составување на записникот и примање на пријавата од страна на госпоѓата, истата станала и си отишла. Не потпишала записник. Замислете“, изјави Тошковски.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

To top