Македонија

Премиерот најави реконструкција на Владата за некој месец – Кои министри ќе бидат разрешени?!

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во мај или јуни ќе се дискутира за можни кадровски промени во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање дали со коалициските партнери разговараат за реконструкција на Владата, Мицкоски потврди дека разговори има.

Во мај или јуни ќе се отвори дискусија за можни кадровски промени во Владата, најави премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање дали со коалициските партнери веќе се разговара за реконструкција на Владата, Мицкоски потврди дека разговори има.

  • Сме разговарале, бидејќи и коалициските партнери, но и ВМРО‑ДПМНЕ имаат внатрешни прегрупирања и реструктуирање. Очекувам во мај–јуни да се седне и да се поразговара, и апсолутно ќе разговараме отворено за сите теми, изјави премиерот.

Тој посочи дека анализите ќе опфатат кои кадри потфрлиле, кои не, како и кои позиции би можеле да се променат или ротираат. На прашањето дали има министри од чие работење е незадоволен, премиерот кусо одговори дека не би коментирал повеќе од веќе кажаното.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top