Македонија

Бесплатни ехо-прегледи на дојки за девојки и жени од Карпош

Можности кои ги нуди Општина Карпош

Во насока на подобрување на женското здравје, Општина Карпош во соработка со ординацијата по гинекологија и акушерство ПЗУ „Св. Алексеј“ – Скопје, од идната среда (01.04.2026), организира бесплатни ехографски прегледи на дојки за жени до 45 годишна возраст. Станува збор за проект кој финансиски го поддржува локалната самоуправа, а истиот се реализира преку Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2026 година.

Со оваа проектна активност Општината има за цел да ја подигне свеста за женското здравје, преку бесплатни превентивни прегледи кои ќе се одржуваат во ПЗУ „Св. Алексеј“, која функционира во рамки на ЈЗУ Поликлиника Букурешт (Карпош 3).

Во тој поглед, заинтересираните карпошанки можат да го закажат бесплатниот медицински преглед и да добијат повеќе информации, започнувајќи од денеска, среда (25.03.2026) година, на телефонскиот број 071 243 400. На пациентките кои ќе направат бесплатен ехографски преглед на дојка, ПЗУ „Св. Алексеј“ ќе им понуди и 15% попуст за комплетен гинеколошки преглед.

Инаку, Проектот се фокусира на едукација на женската популација за здравјето на дојките, промоција и рано откривање на болести како што е ракот на дојка. На овој начин се зајакнува заедницата преку стручна едукација, при што се поттикнува и акција за преземање на здравствени мерки и се актуелизираат дискусиите за свесноста на женското здравје.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top