Македонија

Реформски лидер е „дигиталецот“ Андоновски, последен Филков- анализа на напредокот на Македонија кон ЕУ

На европскиот пат најмногу исполнува Министерството за дигитална трансформација, а најмалку за правда

На европскиот пат најмногу исполнува Министерството за дигитална трансформација, а најмалку за правда. Ресорот на Стефан Андоновски, кој е нов, минатата година донел и имплементирал најмноу закони, со што е лидер во Владата. Додека оној на чие чело е Игор Филков може да се спаси и да не биде на дното кога ќе се усвои законот за Јавно обвинителство, кој е во преоцедура и е еден од фундаменталните за напредок во евроинтеграциите. Ова е заклучокот од анализата зна невладината „Социетас цивилис“ за тоа кој најмногу работи во исполнување на условите за членство во Европската Унија. Според нив, во текот на 2025-та Македонија исполнила 30 проценти од реформската агенда, но имајќи предвид дека рокот е 2027 година, се очекува таа целосно да биде исполнета.

-Засега најголема имплементација гледаме кај Министерството за дигитална трансфорамција, кое што донесе пакет на закони изминатата година, јуни 2025-тата година, а најмала исполнетост и имплементација. Имаме во делот на фундаментални реформи. Тоа е петтата област, каде што одговорна инситуција е Министерството за правда, изјави Анамарија Велиновска од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.

Дигитализацијата е многу важна и за помош на бизнисот и економскиот напредок на државата. Претседателот на Бизнис конфедерацијата Миле Бошков вели дека реформската агенда е од големо значење и бизнисите. Според него некои од мерките кои е предивдено да се воведат треба да бидат нивни конкретни помагатели и поддршка.

-Ние доколку не спроведеме реформи во компаниите, не почнуваме да размислуваме за дигитализација, за конекција за подобрување на нашите производи. Реформската агенда за подобар бизнис подразбира дека едно пакување од било кој наш производ, ќе треба да биде усогласено со европските стандарди, да не ја загадува животната средина, ако е од делот на храна и пијалоци, да не наштетува на здравјето на корисниците и конзументите, изјави Бошков.

Според првиот човек на Инстиутот за демократија Марко Трошановски, за напредок на економијата и подобар живот на граѓаните важна е и добрата комуникација меѓу бизнис секторот и сите гранки во државата.

Инаку, реформската агенда на Македонија од страна на Брисел е оценета како најдобрата на Западен Балкан, како и дека спроведувањето оди со добра динамика. Сепак, и покрај тоа што реформите се спроведуваат, блокада на патот кон Европската унија ни остануваат бугарските уцени и главниот услов за промена на уставот, ветување што го даде Владата на СДСМ и ДУИ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top