Македонија

Лидерот на хрватските социјалдемократи им одржа лекција на Филипче и СДСМ на Бихаќка (ВИДЕО)

Ќе го обвини ли Бихаќка првиот хрватски социјалдемократ дека е ,,човек” на Христијан Мицкоски

Со или без намера лидерот на хрватските социјалдемократи Синиша Хајдаш Дончиќ го понижи Филипче за време на прес конференција на Бихаќка.

Гостинот од Хрватска на прес конференцијата во првата минута од своето обраќање рече дека тоа што на Македонија и го прават Грција и Бугарија е европски срам.

За разлика од Дончиќ кому се му е јасно и нема проблем да го посочи виновниците за македонската блокада во ЕУ Филипче и СДСМ даваат изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните политики се причината за блкадата во ЕУ.

СДСМ често ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека со својата политика и реторика ги провоцира соседните земји, Бугарија и Грција, со што се загрозува евроинтегративниот пат на Македонија.

Главните точки на обвинувањата од СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ се поврзани со наводни провокации по кои се созаќдаваат
Тензии со соседите.

СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ создава непотребни тензии, што може доведува до блокади од Бугарија и Грција.

Во СДСМ сметаат дека изјавите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ се насочени кон домашен публицизам, но штетни за надворешната политика.

Филипче ја премолче изјавата на Дончиќ но засега од Бихаќка нема информации дали можеби и првиот хрватски социјалдемократ е ,,платеник” на ВМРО-ДПМНЕ затоа што споделува логични политички искази.

Изјавата на Дончиќ на 6 минута од видеото

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Народот што ги чува своите корени, јазик и култура секогаш има иднина

На свечената академија присуствуваше македонска владина делегација во која беа и вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков.

Мицкоски: Новите мерки против пушењето ќе важат за сите, без исклучоци и повластени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новиот предлог-закон за пушење е подготвен по широк консултативен процес со сите засегнати страни и најави дека неговата примена ќе биде строго контролирана на целата територија на државата, без исклучоци и без повластени.

Нови финансиски детали: Колку заработува поранешниот премиер во егзил

Осудениот поранешен премиер Никола Груевски, кој веќе осум години живее во Унгарија, продолжува да остварува приходи преку својата приватна консултантска компанија, покажуваат официјалните финансиски податоци објавени од унгарскиот портал „444“.

To top