Македонија

Филипче мртов сериозен: СДСМ ќе обезбедела бесплатно сонце за сите граѓани (ВИДЕО)

Да си дочекаме и бесплатен плац за куќа на Марс за млади брачни парови

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес конфернција на која зборува за програмата на неговата партија најави нешто што досега не ветил ниту еден македонски или светски политичар.

Оваа неверојатна, од повеќе причини, понуда ја забележал Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит кој дава оценка за истата.

Илиевски се надева дека Бихаќка наскоро ќе понуди и бесплатни полни месечини.

,,Инаку, не знам дали ја проверивте новата програма, ама има интересни работи кои вреди да се размислат, како на пример БЕСПЛАТНО СОНЦЕ.

Тоа ако не е понуда, не знам што е! Браво!

Доста го плаќавме Сонцето…

Ајде па и за две полни Месечини месечно да си исчекаме! И бесплатен плац на Марс за млади брачни парови”, пишува Илиевски.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top