Тука поправо се говори за српско-бугарските односи во поглед на Македонија, Македонците и македонското прашање, односно за признавање на националните права на Македонците.

„Многу е важно, извонредно решавачко за правилниот развиток на целото прашање, да се определи – има ли, постои ли македонска свест, одвоена од српската и бугарската. На ова прашање може да се даде само еден одговор – има. Времето, историјата, особените услови во коишто живееле Македонците од памтивек, независно од тоа како какви минувале и какви се чувствувале – создале една специфична, чисто македонска психологија, во којашто македонската свест длабоко се вкоренети… Тоа жилаво племе (Македонците), коешто од својата татковина Македонија од памтивек ползело и ползи по целиот Балкан влева оживувачка крв во стопанскиот живот на сите балкански народи!“ – пишува во статијата.
На крајот, неименуваниот автор ја нагласува потребата сите да признаат дека Македонците навистина имаат своја посебна психологија и одделна македонска етно-национална свест.
ИЗВОР: „Миръ”, София, 11 март 1924,, бр. 7122, стр. 1.