Како што е наведено на официјалната веб-страница на ETIAS, разбирањето на овие проверки е клучно за патниците да избегнат одложувања, дополнителни проверки, па дури и целосно одбивање на влез во ЕУ пред заминување, дознава „Независен.“.
Одобрението преку ETIAS ќе чини 20 евра и ќе важи за повеќе патувања, сè додека пасошот на патникот е валиден. Но, и покрај тоа што претставува предуслов за патување, ова овластување не гарантира автоматски влез во Европската Унија.
Проверките на јавното здравје во рамките на системот ETIAS се дел од скринингот што се спроведува кога ја поднесувате вашата онлајн апликација.
Целта на овој здравствен преглед е да им помогне на властите да ги прегледаат патниците и да ги идентификуваат оние кои би можеле да претставуваат висок епидемиски ризик пред тие дури и да стигнат до Шенген-зоната, велат тие.
Апликацијата ја пополнувате онлајн на официјалната веб-страница на ETIAS и внесувате основни лични информации и информации за патување. Системот автоматски ги оценува овие информации по поднесувањето на формуларот.
„Системот не собира детални медицински картони.
Проверува индикатори за ризик што можат да бидат поврзани со предупредувања за јавно здравје или епидемии поврзани со меѓународни патувања“.
Кога ќе го поднесете формуларот ETIAS, системот извршува автоматски проверки што ги анализираат дадените информации. Податоците се споредуваат со индикаторите за ризик што ги користат европските власти, пренесува „Независен“.
„Системот работи под надзор на Европската комисија и граничните власти во земјите учеснички. Овие проверки ги поддржуваат истите гранични политики што важат во Шенген-зоната“, додадоа тие.
Покрај основните информации како што се име, датум и место на раѓање, адреса, моментална професија и детали за биометриски пасош, системот ќе побара и информации за вашата историја на патувања…
Системот EES за влез и излез од земјите на ЕУ со полн капацитет стапува на сила на 10 април, со полн капацитет значи дека системот ќе работи нон-стоп, од 00 до 24 часа, за разлика од сега кога беше активен повремено, неколку часа во текот на денот.
Инаку на крајот на 2026 година, системот ETIAS ќе стане задолжително овластување за патување за сите посетители од земји без виза кои планираат да влезат во голем број европски земји во рамките на Европската Унија.