Свет

По острите закани кон Иран, Трамп сега вели дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор пред истекот на ултиматумот

По острите закани што ги упати вчера и денеска до Техеран, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со Иран утре – денот кога истекува неговиот ултиматум за отворање на Ормуската Теснина

По острите закани што ги упати вчера и денеска до Техеран, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со Иран утре – денот кога истекува неговиот ултиматум за отворање на Ормуската Теснина.

– Мислам дека има добри шанси утре за постигнување договор, рече Трамп во телефонско интервју за американската телевизиска мрежа „Фокс њуз“.

Тој рече дека им дал амнестија на иранските преговарачи за да се осигури дека разговорите можат да продолжат. Тврди дека Вашингтон е во контакт со претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф.

Од Иран засега нема коментар за тврдењето на американскиот претседател дека „има добри шанси за договор“.

Трамп претходно денеска упати нова закана до Иран, најавувајќи дека САД ќе ги уништат иранските електрани и мостови во вторник, ден откако ќе истече ултиматумот.

– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп и вчера му се закани на Иран дека има 48 часа да склучи договор, а во спротивно, како што наведе „целиот пекол ќе се урне врз нив“.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top