Македонија

Отец Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Поранешниот декан на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши на 27 мај годинава, на 28 мај беше произведен за јероѓакон, а на 29 мај беше избран за јеромонах

ФОТО Религија.мк
ФОТО Религија.мк

На денешната Божествена литургија со која чиноначалствуваше aрхиепскопот oхридски и македонски г.г. Стефан, архимандритот Георгиј беше хиротонисан за митрополит и устоличен на тронот на Дебарко-кичевската епархија.

Тој пред членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА и присутните во црквата „Света Софија“ во Охрид се завети дека ќе работи согласно каноните на црквата и оти ќе извршува што ќе му биде заповедано со најголема послушност, имајќи ги во предвид вистината и правдата.

„Сето тоа ќе го правам според мојата совест, без да робувам на лицемерноста и да бидам роб на страстите, но секогаш ќе го имам на ум единствениот Божји суд, со искрена љубов кон Бога и кон ближните…Се заколнувам со живиот Бог дека секогаш ќе ги имам на ум неговите зборови – проколнат да биде секој онај што нема да го извршува Божјото дело. И дека во сите работи поврзани со мојот позив како со дела Божји нема да бидам мрзлив туку ќе бидам вреден и ќе работам со сите мои сили“, рече митрополитот Георгиј, пренесе 360.степени

Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан рече дека денеска црквата добила архиереј кој е достоен на своите претци и кој ќе го продолжи нивното светло, и оти сите досегашни охридски светила со своите животи покажале дека епископот не е управител на земна институција, тук „жртва светаденица“ која се принесува себе си за својот народ.

Митрополитот Георгиј дојде на упразнетото место во Дебарско-кичевската епархија, откако митрополитот Тимотеј почина во ноември минатата година по кратко боледување. Отец Георгиј беше единствен кандидат за оваа црковна позиција.

Отец Георгиј, поранешниот декан на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши на 27 мај годинава, на 28 мај беше произведен за јероѓакон, а на 29 мај беше избран за јеромонах.

Најнови вести од: Македонија

Децата пушат цигари на 9 години, алкохол на 13, а се клукаат и со седативи, марихуана, кокаин

Институтот за јавно здравје на Република Македонија го презентираше националниот извештај од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги (ЕСПАД).

Апел: Ранливите категории скопјани да останат дома

Се препорачува на сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар

To top