Македонија

Обвинителен акт, или предлог, против 22 физички лица и 4 правни лица за даночни измами и перење пари во шема „тешка“ 6,5 милиони евра!

Група од десетина луѓе и фирми испумпала 6,5 милиони евра од државниот буџет преку даночно затајување, измама и перење пари преку злоупотреба на службената положба, информира Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Организатори на групата биле првообвинетиот – српски државјанин, кој е сопственик и управител на две од обвинетите фирми и двајца службеници од Регионална дирекција на УЈП – Скопје, соопшти ОЈО ГОКК.

Јавен обвинител до судот достави обвинителен акт против 10 лица и обвинителен предлог против уште 11 физички и 4 правни лица. Според сооопштението, групата била формирана во текот на 2023 година, а во периодот до 2025 година се приклучиле и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и во Гевгелија.

ОЈО ГОКК објаснува како функционирала измамата. Првообвинетиот, српски државјанин, давал лажни податоци за своите приходи и за приходите на правните лица во годишните даночни биланси достаевени до УЈП. „Двајцата службеници вработени во УЈП, давајќи му совети и упатства и отстранувајќи ги пречките за извршувањето, со умисла му помогнале во извршување на кривичното дело Даночно затајување. На тој начин во име и за сметка на кривично одговорните правни лица, првообвинетиот не пресметал и не платил данок од значителна вредност во вкупен износ од 16.782/519 денари“, се вели во текстот.

Останатите осомничени сопственици и управители на правни лица со цел неосновано да побараат враќање на данок во име и за сметка на нерезидентни правни лица што немаат седиште во РСМ, но плаќаат ДДВ за услуги остварени во земјата, го довеле во заблуда даночниот орган давајќи лажни податоци во поднесените даночни пријави, за враќање на данокот на додадена вредност во име и за сметка на правните лица со што го оштетиле буџетот во износ од 33.620.551 денари.


Дополнително, се истакнува во текстот, во истиот период, дел од обвинетите со цел прикривање на потеклото на парите прибавени со кривични дела, пуштиле во оптек, примиле пари и извршиле пренос на парични средства во вкупен износ денари 401.227.898 денари. За седум лица обвинителството определило мерка притвор и доставило предлог за продолжување на мерката, за што треба да одлучи судот.

„Дополнително ОЈО ГОКК достави предлог за конфискување на движен и недвижен имот од осомничените во висина на предизвиканата штета на буџетот, како и одземање на предмети употребани за извршување на кривично дело. Во текот на постапката преку меѓународна правна помош е замрзнат имот и сметки на првоосомничениот, па согласно меѓународното право конфискацијата по завршување на постапката ќе се бара од српските власти“.

Десетте лица опфатени со обвинителниот акт се обвинети за Злосторничко здружување, а тројцата организатори за продолжено дело Даночно затајување и перење пари и други приноси од казниво дело. Останатите опфатени со обвинителен предлог според стореното се обвинети за Даночна измама, Фалсификување исправа и Перење пари и други приноси од казниво дело.

„Со Обвинителниот предлог се опфатени службени лица од Одделение за регистрација и утврдување на даноци при УЈП – Регионална дирекција Скопје. Обвинетите со умисла извршиле две или повеќе временски поврзани дејствија и со намера да прибават за друг значителна имотна корист или на друг да му нанесат значителна имотна штета, искористиле исти прилики и не ја извршиле својата службена положба и овластување. Со своите дејствија по поднесени барања за враќање на ДДВ преку полномошниците – обвинетите правни лица прибавиле имотна корист во вкупен износ од 349.652.595 денари и за истиот износ нанеле штета на Буџетот на РМ. Десет лица се обвинети дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување, додека едно лице дека сторило кривично дело Фалсификување исправа.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Народот што ги чува своите корени, јазик и култура секогаш има иднина

На свечената академија присуствуваше македонска владина делегација во која беа и вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков.

Мицкоски: Новите мерки против пушењето ќе важат за сите, без исклучоци и повластени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новиот предлог-закон за пушење е подготвен по широк консултативен процес со сите засегнати страни и најави дека неговата примена ќе биде строго контролирана на целата територија на државата, без исклучоци и без повластени.

Нови финансиски детали: Колку заработува поранешниот премиер во егзил

Осудениот поранешен премиер Никола Груевски, кој веќе осум години живее во Унгарија, продолжува да остварува приходи преку својата приватна консултантска компанија, покажуваат официјалните финансиски податоци објавени од унгарскиот портал „444“.

To top