Македонија

Македонските танчери со одлични резултати во Солун

Учеството на натпреварот беше поддржано од Фероинвест, кој обезбеди поддршка за тимот, како и брендирана опрема за натпреварувачите

Претставниците на танцовиот клуб ТСК Ритам Плус остварија значајни резултати на престижниот WDSF Thessaloniki Dance Festival, пласирајќи се во финалните кругови и освојувајќи високи позиции во повеќе категории.

Во конкуренција на врвни танчери од повеќе земји, македонските претставници постигнаа:

– Андреј Димоски & Сашка Колеска – 3 место (WDSF Adult Open Latin) и 4 место (WDSF Rising Stars) – Лука Димовски & Каја Мирчески – 4 место (WDSF Junior 2) – Драган Трајковски & Дарија Трајкова – 5 место (WDSF Under 21 Latin)

Во соло категориите: – Теодора Стојановска – 3 место (WDSF Youth и WDSF Adult) – Елена Псалтиров – 5 место (WDSF Adult) и 6 место (WDSF Youth) – Ана Колевска – 6 место (WDSF Junior 2) – Никита Ангеловски – 2 место (Junior 2 Open)

Дополнително, повеќе натпреварувачи се пласираа во четвртфинале во конкуренција од над 80 учесници.

Одличните резултати беа поздравени од претседателот на Сојузот на спортски федерации, Мартин Клинчаров.

Дел од судискиот панел беа и нашите реномирани судии Верица Василеска и Иван Ангелковски, а натпреварувачите беа придружувани од тренерскиот тим- Огнен Анѓушев и Симона Спировска.

„Овие резултати се потврда дека со континуирана работа и вистинска поддршка, младите спортисти од Македонија можат да бидат конкурентни на највисоко европско ниво. Ова е само дополнителен мотив за уште поголеми успеси во периодот што следи“, изјави тренерот на Ритам Плус, Огнен Анѓушев, долгогодишен поранешен првак на Македонија во спортски танци, кој е дел и од компанијата Фероинвест.

Учеството на натпреварот беше поддржано од Фероинвест, кој обезбеди поддршка за тимот, како и брендирана опрема за натпреварувачите.

Компанијата и минатата година поддржа танцов спортски настан во Скопје, со што ја потврдува својата континуирана заложба за поддршка на спортот, младите и нивниот развој.

Инаку, Ритам Плус минатата недела освои и најголем број награди на државното првенство во спортски танци во Скопје.

 

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top