Македонија

Бугарија среќна за победата на Маѓар, очекува крај на поддршката за Македонија

Очекуваат Унгарија сега ќе ја преиспита својата политика во поддршка на антибугарската реторика и дејствија на Скопје

Повеќе бугарски политичари се среќни за поразот на Орбан во Унгарија затоа што мислат дека сега Македонија ќе нема заштита во ЕУ и брзо ќе ги прифати бугарските барања.

Европратеникот Андреј Ковачев упатува срдечни честитки за убедливата победа на „Тиса“ во Унгарија која ја доживува како крај на блискоста меѓу Скопје и Будимпешта.

Тој се надева дека Маѓар ќе запре со поддршката за наводни антибугарски политики во Македонија.

,,Ова е силен знак за промена – не само за Унгарија, туку и за Европа и светот. Одлични вести и за Бугарија!

Искрено се надевам дека Унгарија сега ќе ја преиспита својата политика во поддршка на антибугарската реторика и дејствија на Скопје, кои се поддржувани со години, вклучително и преку значителни финансиски средства за пропаганда против Бугарија. Денешното гласање покажува дека унгарските граѓани избираат поинаков пат – патот на демократијата, европските вредности и добрососедството”, пишува Ковачев.

Ковачев кој е член на партијата ГЕРБ на Бојко Борисов упатува посебни честитки до Петер Маѓар и „Тиса“, како и до колегите од групата на ЕНП во ЕП каде членува и ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Поранешен градоначалник дал дозвола за дива градба – заработи кривична

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“

Славески бара да се заузда со закон растот на банкарските провизии

Во повеќе европски држави веќе постојат механизми за регулирање или ограничување на одредени банкарски трошоци, што може да послужи како пример и основа за дебата во земјава, вели гувернерот на Народна банка

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски

Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага

To top