Регион

Радев: Не отстапуваме од „заштита на правата Бугарите“ во Македонија

Вели дека Бугарија не поставува нови услови, туку инсистира да се почитува сè што е договорено

Бугарскиот претседател изјави дека неговата земја нема да се повлече од заштитата на правата на Бугарите што живеат во Македонија, за време на заедничката прес-конференција со неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ, пренесуваатбугарски медиуми.

Тој истакна дека РСМ, како што се обраќа на Македонија, сама се запирала на патот кон ЕУ затоа што не сака да ги исполни критериумите за членство.

Според него, Бугарија сè уште чека од Скопјe да исполни јасно напишан услов што би ја отворил вратата за почеток на преговорите – гарантирање на правата на Бугарите и нивно вклучување во уставот заедно со другите народи што формираат држава.

Радев нагласи дека Бугарија не поставува нови услови, туку инсистира да се почитува сè што е договорено.

Најнови вести од: Регион

Косово обвини 20 лица за воени злосторства во Ѓаковица, меѓу нив и Милан Радоичиќ

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 20 лица за воени злосторства извршени во Ѓаковица во 1998 и 1999 година, а според Радио Слободна Европа меѓу обвинетите е и поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ

Радев: Во Втората светска војна Бугарија ја спаси целата своја еврејска заедница од ужасите на нацистичките логори!

Бугарија има долга традиција на етничка и верска толеранција, а нејзините институции категорично ги осудуваат манифестациите на говор на омраза, ксенофобија, расизам и антисемитизам, порача бугарскиот премиер Румен Радев како одговор на новинарско прашање за инцидентот во Банско со група млади Евреи од Италија. Инцидентот се случил во познатото бугарско одморалиште на 2 август, додека во градот се одвивал големиот џез фестивал.

To top