Македонија

„Македонска пошта“ добива 100 возила, тоа е важна инвестиција, вели премиерот

Просечната старост на возилата со кои досега работеше Македонска пошта е околу 15 години, тоа значи застарена опрема, чести дефекти, зголемени трошоци и намалена ефикасност

Денеска зборуваме за една важна инвестиција, која не значи само нови возила, туку значи нов почеток, нова енергија и нова функционалност за еден систем кој со години беше оставен да се справува сам со предизвиците – изјави премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на новиот возен парк за потребите на АД „Македонска пошта“.

„ Владата преку Министерството за транспорт реализираше набавка на сто нови возила за потребите на Македонска пошта. Ова не е случајна одлука, ова е одговор на реална потреба. Просечната старост на возилата со кои досега работеше Македонска пошта е околу 15 години, тоа значи застарена опрема, чести дефекти, зголемени трошоци и намалена ефикасност. Тоа значи доцнење на пратките, незадоволство кај граѓаните, и намалена доверба на системот. Решивме да ставиме крај на тоа – рече Мицкоски.

Нагласи дека оваа набавка е дел од поширока стратегија, да ги обновиме инситуциите, да ги модернизираме јавните услуги и да ги направиме функционални за граѓаните, затоа што, посочи, инстиуциите постојат за да служат, а не да бараат оправдување.

На промоцијата на новиот возен парк на АД пошти се обратија и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, и директорот на АД „Македонска пошта“. (МИА)

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

To top