Македонија

Ќе продолжи кризната состојба за нафтата и нафтените деривати

По конфликтот на Блискиот Исток, Владата на седница на 23. минатиот месец донесе одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за горивата и ослободување количини мазут од државните резерви, како и одлука во времетраење од 30 дена за прогласување кризна состојба на целата територија на државата

 

Собранието денеска ќе ја одржи 99. седница на која на дневен ред е Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на државава до 20 јули годинава.

Предлог-одуката е на дневен ред и на седница на собраниската Комисија за одбрана и бебзедност.

Одлуката, според предлогот, ќе почне да се применува на 21 април.

По конфликтот на Блискиот Исток, Владата на седница на 23. минатиот месец донесе одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за горивата и ослободување количини мазут од државните резерви, како и одлука во времетраење од 30 дена за прогласување кризна состојба на целата територија на државата со цел да се овозможи соодветно законско постапување и институциите да можат ефикасно да ги спроведуваат мерките. Со одлуката се утврди постоење кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на населението, како последица од постоење на ризици и опасности во снабдувањето со стратегиските енергенси, како и попречување и блокирање на нивниот увоз во државава. Тогаш беше активиран и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој е во постојано заседавање заради следење на мерките и активностите и координирано дејствување поврзани со оваа одлука.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета. – Нафтените резерви се такви какви што беа пред почетокот на кризата, не е потрошен ниеден литар – изјави Мицкоски. Следејќи ги цените на берзите на нафтените деривати, рече дека најверојатно цените на горивата во земјата ќе останат исти или ќе бидат намалени.

Во однос на продуктоводот за транспорт на нафтени деривати, рече дека и во него има проток на нафта. За тоа дали по 20 април Владата ќе ја продолжи мерката за намалено ДДВ за нафтените деривати, Мицкоски рече дека од она што го следи, најмалку ќе останат истите цени на горивата, а можно е дополнително намалување следната недела.

Попустот со „Окта“, како што рече, е договорен до крајот на април, а се преговара и за дизел-горивото. – Тоа е приближно 75 проценти од вкупното потрошувачко портфолио, барем уште некој дополнителен попуст да извадиме, барем уште еден денар за литар – најави Мицкоски.  МИА

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top