Македонија

Кривични пријави против В.Р. (56), З.П. (61) и А.А. (60), од Вевчани, поради злоупотреби со сеча на дрва – ги оштетиле „Национални шуми“ и државниот буџет за околу 4500 евра

Од МВР информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против В.Р. (56), З.П. (61) и А.А. (60), сите од општина Вевчани, поради сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Според полицијата, првопријавениот, како раководител во Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, не извршил соодветен надзор врз постапките за сеча, транспорт и наплата на дрвна маса, со што, како што се наведува, не спречил незаконски активности и овозможил стекнување противправна имотна корист. Второпријавениот, како референт за користење, заштита и одгледување на шуми во ПШС „Јабланица“, пропуштил должен надзор врз сечата и транспортот на дрвната маса.

Третопријавениот, референт за сеча и дотур, искористувајќи ја службената положба, издавал испратници за превоз на бесправно исечена дрвна маса директно на физички лица, иако, како што се наведува, бил свесен дека тоа е спротивно на законските и подзаконските акти за шумско работење и жигосување на дрва. Со ваквите дејствија, според МВР, е причинета материјална штета на ЈП „Национални шуми“ и државниот буџет во износ од 280.436 денари, односно околу 4550 евра во денарска противредност.

Најнови вести од: Македонија

Соработката со САД продолжува: Савески разговараше со Никол Варнс за приоритетите на обвинителството

На средбата беше договорено во следниот период соработката да продолжи преку обуки, размена на искуства и заеднички активности за понатамошно јакнење на транспарентноста и ефикасноста на Јавното обвинителство.

Со законски измени пензионирани лекари ќе можат да работат до 70 години, бидејќи здравствениот систем нема доволно кадри!

Министерот за здравство Азир Алиу при посетата на Општата болница со проширена дејност во Дебар најави законски измени со кои пензионираните лекари и медицински сестри ќе можат да продолжат со работа до 70-годишна возраст. Тој истакна дека здравствениот систем се соочува со недостиг на кадар, особено лекари и медицински сестри, поради што искуството на пензионираните здравствени работници е од големо значење.

Пијаниот полицаец Д.М. возел двојно побрзо од ограничувањето, а имал забрана за возење! – Упатен на задолжителен психијатриски преглед!

Полицаец што на граничниот премин „Меџитлија“, бил фатен на почетоков на месецов во Битола, како, иако имал забрана за возење, бил фатен зад волан во Битола. Бил сопрен оти возел двапати побргу од ограничувањето – а притоа бил пијан! Внатрешна контрола поднела предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изрекла задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед

Најнови вести

To top