Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

За церемонијата на предавањето, положувањето и свеченостите поврзани со останките известува и француската новинска агенција АФП. Таа користи особено внимателна формулација, пишувајќи за „останки од она што можеби е цар Самуил“, со што остава отворено прашање околу конечната идентификација.

АФП: „Повеќе од 1.000 години по неговата смрт, останките за кои се претпоставува дека се на цар Самуил, еден од последните големи владетели, се враќаат „дома“, пишува, меѓу другото, АФП.

И американската новинска агенција Асошиејтед прес ја користи формулацијата „останки на средновековниот владетел цар Самуил“. Сепак, во поширокиот контекст на меѓународното известување останува отворено прашањето за научната потврда на идентификацијата.

Асошиејтед прес: „Останките, кои се идентификуваат како останки на цар Самуил, пристигнаа во Бугарија, но нема дефинитивна генетска потврда на оваа идентификација“, стои во дел од текстот.

Сомнежи околу идентификацијата изразуваат и дел од експертите. Универзитетскиот професор и историчар Стојко Стојков, во изјава за Телевизија 24, оценува дека прашањето за тоа дали останките навистина му припаѓаат на средновековниот владетел е во сенка на политичките и националните интерпретации во Бугарија.

Свој став за Бугарското национално радио изнесе и универзитетскиот професор и историчар Александар Атанасовски. Тој вели дека не постои доказ, со кој може да се потврди дека човечките останки пренесени од Грција во Бугарија му припаѓаат на Самуил, а изразот дека владетелот „се враќа“ во Бугарија го оценува како историски проблематичен.

Размената меѓу Грција и Бугарија не помина без реакција ниту кај нашиот јужен сосед. Катимерини известува за реакции од кругови кои ја оспоруваат идентификацијата на останките. Прото Тема прецизира дека идентификацијата се темели врз археолошки и историски докази, бидејќи на гробот не е пронајден натпис со името на Самуил

Реакции има и во Бугарија. На социјалните мрежи дел од граѓаните поставуваат прашања околу научната потврда на идентификацијата и укажуваат дека без ДНК анализа не може дефинитивно да се потврди дека станува збор за останките на цар Самуил.

Дополнителни прашања отвори и бугарскиот историчар Горан Благоев, кој изнесе тврдења за содржината на договорот меѓу Грција и Бугарија и за предметите што биле предадени во рамките на договорот. Благоев тврди дека меѓу предметите што Бугарија ѝ ги предала на Грција се наоѓа и значајна реликвија поврзана со Охрид, а не со Северна Грција.

Горан Благев: „Како меѓу предметите што Бугарија ѝ ги даде на Грција од Драмско и Серско, во музејот во Солун се најде и моќехранилница од… Охрид?! Зошто бугарската јавност не дозна што конкретно ѝ вративме на Грците? И како тоа овие експонати се дадени само на користење? Владата на Радев, министерот за култура Милошев и директорката на НИМ, Бони Петрунова, должат објаснување. Зашто наликува дека е интервенција на истражните органи“, изјавил Благоев.

Грчкиот археолог Николаос Муцопулос во 1960-тите години го истражувал островот Ахил, каде што во базиликата „Свети Ахил“ открил четири гроба. Во еден од нив бил пронајден добро сочуван скелет на возрасен маж, висок околу 1,60 метри, со остатоци од богата свилена ткаенина и траги од тешка стара повреда на левата рака.

Муцопулос сметал дека станува збор за цар Самуил, поврзувајќи ги археолошките наоди со историските податоци за владетелот. Сепак, идентификацијата се темели на археолошки и антрополошки индиции, а не на конечна генетска потврда.

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

To top