Македонија

Обединување на Бугарија и Македонија во предизборната програма на Преродба

Крајнодесничарската партија и пред изборите в недела пропагира интеграција на „двете бугарски државни формации во една“

Бугарската политичка партија Преродба во својата програма за парламентарните избори в недела ја реафирмира сопствената заложба за сеопфатна интеграција на Бугарија со Македонија во една заедничка држава.

„На крај, но не и најмалку важно, е прашањето за односите со Македонија. Македонија е втората бугарска држава на Балканскиот Полуостров и Преродба работи за обединување на двете бугарски државни формации во една заедничка држава. Патот до ова обединување е сè поцелосна економска, културна и политичка интеграција, што би довело до обновување на раскинатото единство на бугарскиот народ и би ја направило Бугарија најголемата и најсилна земја во Југоисточна Европа“, стои во предизборната програма на партијата на Костадин Костадинов во делот за надворешната политика.

За остварување на таа цел партијата предлага „целосна економска, културна и политичка интеграција со Македонија, до обединување на оваа земја со Бугарија“ преку реализација на транспортните коридори, железничката линија Ѓуешево – Скопје, патни врски и нови гранични премини Симитли – Пехчево и Струмјани – Берово итн.

Просечните резултати од пет агенции за испитување на јавното мислење на Преродба ѝ прогнозираат 6,1 проценти од гласовите и 18 пратенички мандати во бугарското Собрание составено од 250 члена.

 

Најнови вести од: Македонија

Соработката со САД продолжува: Савески разговараше со Никол Варнс за приоритетите на обвинителството

На средбата беше договорено во следниот период соработката да продолжи преку обуки, размена на искуства и заеднички активности за понатамошно јакнење на транспарентноста и ефикасноста на Јавното обвинителство.

To top