Македонија

Заврши македонската сага на Индијците заглавени во Скопје

,,Ќе се видиме на суд! Ова не смее да се повтори. Никој не смее да биде оставен заглавен без помош, без одговор и без достоинство”, пишува Седрак

По цели 6 недели со среќен крај заврши македонската сага на четворицата Индијци заглавени во Скопје.

Бизнисменот Раби Седрак објави дека по
40 денови на неизвесност, стрес и неправда, четворицата Индијци конечно се вратиле дома.

,,Ова не беше само административен проблем, ова беше сериозен системски неуспех кој остави луѓе заглавени, без поддршка, без основни услови и без одговорност од оние кои требаше да ја обезбедат.

Овој случај НЕ СМЕЕ да се повтори!

Посебна и искрена благодарност до новинарката Фиљана Кока од МРТ1 која со својата професионалност, истрајност и храброст ја отвори оваа тема, ја изнесе вистината во јавност и изврши притисок без кој ова немаше да се реши.

Голема благодарност и до Министерството за внатрешни работи, кое помогна со продолжување на престојот и ја олесни нивната депортација/заминување во клучен момент.

Посебна благодарност до Зана од скопскиот аеродром, која вложи сериозен личен напор за да се надмине оваа ситуација и да се обезбеди заминувањето.

И најважно, благодарност до СИТЕ ВАС. Без споделувањата, реакциите и притисокот од јавноста, овие луѓе ќе останеа заборавени на улица”, пишува Седрак кој истовремено ја осудува постапката на Qatar Airways и
Агенцијата на цивилно воздухопловство кои ги обвинува за нивниот однос, неодговорност и отсуство на навремена реакција, со што директно придонесле оваа ситуација да ескалира и да трае со недели!!

Седрак објавува дека ќе започне правна постапка и ќе поднесеме тужба против Агенцијата за цивилно воздухопловство и против Qatar Airways за штетите и проблемите што ги предизвикаа.

,,Ќе се видиме на суд! Ова не смее да се повтори. Никој не смее да биде оставен заглавен без помош, без одговор и без достоинство”, пишува Седрак.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Непозната материја се излева во Вардар, инспекциите се на терен

Град Скопје соопшти дека денеска попладнето добил пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар, по што веднаш биле активирани надлежните служби. За ова алармираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку својот официјален фејсбук-профил.

To top