Македонија

Пред 115 години: Некои се Македонци а некои Бугари

Уште еднаш урната тезата на официјална Софија дека Македонците пред 1945 биле Бугари

Канадски весник на прецизен и ефективен начин ја урива бугарската пропаганда во која се тврди дека Македонците пред 1945 година биле Бугари.

Долго пред формирањето на Коминтерната во која Софија гледа извор на македонството канадски медиум гледа јасна разлика меѓу Македонците, Грците и Бугарите.

Во 1911 година весникот „Торонто Стар“ од Торонто, Канада објавува:

„Некои се Бугари, а некои се Македонци, а двата вида не секогаш живеат добро заедно“.

Во текстот се зборува за меѓународни и религиозни разлики меѓу Македонци, Бугари и Грци кои биле причина за инцидент.

Во него се укажува дека двата народи иако според официјална Софија се исти сепак не се во добри односи.

Кој од четворицата кои учествувале во инцидентот се Македонци не се наведува во текстот но за Торонто Стар и полицијата во Торонто е јасно дека Македонците се засебна етничка група од Бугарите и Грците.

Документот го објавува австралискиот новинар со македонско потекло Саша Узунов

Најнови вести од: Македонија

Поранешниот врховен судија Наќе Георгиев излегува на слобода по одлука на Апелација

Екс врховниот судија Наќе Георгиев излегува на слобода. По спогодбата за три години затворска казна и поминати две години во ќелија, апелациските судии му ја уважиле жалбата тој од јули да биде пуштен на слобода. Георгиев бише фатен со 10.000 евра мито, пари кои ги земал за да врши противзаконито влијание во предмет во кој […]

To top