Македонија

Петровска за роденденот на СДСМ: Ако не се промениме, ќе исчезнеме

Ексминистерката за одбрана со предупредување за сопартијците додека слават 35 години од формирањето на партијата

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска со порака за 35-годишниот роденден на СДСМ.

„35 години, не се само бројка. СДСМ не се само четири букви. Тоа се многу повеќе, многу поважно.

СДСМ е идеологија, илјадници животни приказни, бројни државнички одлуки, креирање добри политики и нивно спроведување, идеологија која спојува различности и почитува поинакви.

СДСМ е многу повеќе од статистика и празни фразни.

И синото и црвеното носат своја победа, и розата и тупаницата носат порака, носат идеологија, носат подобро утре.

Сме губеле, сме победувале, но секогаш сме се менувале, на подобро, се разбира.

Промената на подобро е неопходна, суштинска, за да може да успееме, за да победиме, за Македнија.

Ако не се промениме, ќе исчезнеме и затоа час поскро да започнеме со трансформација.

Среќен роденден, моја СДСМ“, објави Петровска на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top