Македонија

Манасиевски: Српската опозиција преку Башановиќ и Заев, го користи СДС за свои интереси

Опозицијата предводена се уште од СДС, наместо да делува во Македонија, се става на услуга на други партии во други држави

Српската опозиција преку Башановиќ и Заев, го користи СДС за свои интереси кои не одат во прилог на македонската опозиција која се распаѓа, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Српските опозиционери Бранко Ружиќ, потпретседател на Социјалистичка партија на Србија и Јован Ратковиќ, член на претседателството на Социјалдемократската странка во Србија, на средбата во Скопје со генералниот секретар на СДС, договориле заедничка соработка за формирање на опозициски фронт со кој ќе делуваат во српската политичка сцена.

Оваа платформа за обединување на опозиции од две држави е стриктно направена поради лични и бизнис интереси на поранешниот кум на српскиот претседател, Зоран Башановиќ, а во истата му помага Зоран Заев.

Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ не случајно се одбрани за создавање на овој опозициски фронт, затоа што едниот е дел од партија која е дел од власта во Србија, но јавно ја критикува работата на владата иако беше дел од неа, за потоа да си даде оставка, додека другиот е човек кој на почетокот на овој милениум бил основач на движење со кое во Србија има соборено власт.

Сето ова кое СДС преку Димитријевиќ, го прави заради Заев и неговите блиски пријатели, ја доведуваат СДС на маргините на македонската политичка сцена.

Опозицијата предводена се уште од СДС, наместо да делува во Македонија, таа се става на услуга на други партии во други држави, рече Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top