Македонија

Пријатен пролетен ден: Сончево и умерени температури во поголемиот дел од земјава

Во Скопје денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.

Во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 7 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат од 17 до 25 степени.

Во Скопје денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 23 степени.

Најнови вести од: Македонија

Новопоставено и веќе искршено: вандали го демолираа Градскиот парк во Виница

Градоначалникот на Општина Виница Митко Костадиновски информира дека општинските служби констатирале вандалски чин врз новопоставената градска опрема во Градскиот парк. Тој остро го осуди уништувањето на јавниот имот, нагласувајќи дека градската опрема во паркот е наменета за користење од страна на граѓаните и е купена со нивни пари.

Лефков: Специјалниот бугарски пратеник Филипче е подготвен да истурка уставни измени, сметајќи дека така ќе дојде на власт

„Специјалниот бугарски пратеник Филипче е подготвен да истурка уставни измени, сметајќи дека така ќе дојде на власт.“ – истакнува пратеникот од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста.

Костадиновски: Нема „левица“ да ми ја креира криерата

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Дарко Костадиновски, реагираше на соопштението на политичката партија Левица, истакнувајќи дека нема да коментира политички ставови, но чувствува обврска да одговори на, како што наведе, личните дисквалификации и навреди упатени кон него.

Во Истанбул ќе се одржи бизнис форум за унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција

Овие настани претставуваат дел од пошироките напори за промоција на економските потенцијали на земјата и привлекување нови странски инвестиции преку директна комуникација со меѓународната бизнис-заедница.

To top