Македонија

Модернизација на итната помош: Владата набавува 100 нови амбулантни возила

Оваа инвестиција е дел од поширок процес на модернизација и суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку подобрување на итната медицинска помош и зголемување на оперативната способност на целиот здравствен систем.

Владата на Република Македонија донесе одлука за набавка на 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ целата држава. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 461.250.000 денари, а во моментов е во тек законскиот рок за поднесување понуди.

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека оваа набавка значително ќе го зајакне капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби.

„Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби и ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција со брз и навремен транспорт на пациенти до соодветните здравствени установи. Возилата ќе бидат опремени со надградена медицинска опрема, а со распределбата низ државата ќе се обезбеди подобра покриеност, особено во руралните средини“, рече министерот Алиу.

Оваа инвестиција е дел од поширок процес на модернизација и суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку подобрување на итната медицинска помош и зголемување на оперативната способност на целиот здравствен систем.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Во недостиг на идеи, СДС шири шпекулации за државјанствата

За пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, неосновани се обвинувањата дека некои негови сопартијци имаат и бугарско државјанство, бидејќи токму тие се потписници на предлогот пратеник да има само македонско државјанство

Одложено судењето за деветтемина полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“

Судењето за деветтемина полицајци обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, кои се товарат за пропуштањето на службените обврски за издавање согласност за дискотеката да добие лиценца, се одложува за 1 јуни со цел одбраната да може да обезбеди и да изврши убид во доказите

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како борбено подготвена за извршување на својата мисија

Со успешно реализираното оценување, ЛПБГ ја потврди својата обученост, високата борбена подготвеност и интероперабилност со сојузниците, што претставува значаен придонес во зајакнувањето на капацитетите на Армијата и НАТО – се нагласува во соопштението на Генералштабот на Армијата

To top