Бизнис

Отворена Бугарско-македонската трговско-индустриска комора во Софија

На настанот беше одржан и првиот „Бугарско-македонски бизнис-форум“. Од БМТИК најавија амбиција да организираат по два такви форума годишно – по еден во секоја од двете земји.

Во зградата на Бугарската трговско-индустриска комора (БТПП) денеска беше официјално отворена Бугарско-македонската трговско-индустриска комора (БМТИК), со што е заокружен процесот на воспоставување билатерални стопански комори меѓу двете соседни земји.

На церемонијата присуствуваа заменик-министерот за економија и индустрија на Бугарија, Антон Костадинов, амбасадорката на Република Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси-Поповска, градоначалници и заменик-градоначалници од Југозападна Бугарија, претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора, Билјана Митева, и претставници на деловните кругови од двете земји.

За прв претседател на БМТИК е избран Атанас Радев.

Во своето обраќање, Радев истакна дека со создавањето на комората се гради „темелот од бугарска страна на мостот“ меѓу двете земји, чија друга основа веќе е поставена од Македонско-бугарската стопанска комора.

Заменик-министерот Антон Костадинов оцени дека „мостот меѓу Бугарија и Македонија е речиси целосно изграден“ и дека сега треба да се доразвијат меѓусебните односи. Тој ја окарактеризира сегашната стоковна размена од 1,3 милијарди евра како „премала за потенцијалот на двете економии“ и ги посочи енергетиката, градежништвото, фармацијата, туризмот и земјоделството како сектори со голем потенцијал.

Амбасадорката Агнеса Руси-Поповска го поздрави отворањето на БМТИК како „јасен сигнал за обновена амбиција кон практичност и заемна посветеност“. Таа нагласи дека Бугарија е меѓу најзначајните трговски партнери на Северна Македонија и дека економските врски треба да се продлабочат преку взаемни инвестиции, индустриска соработка, иновации и заеднички инфраструктурни проекти.

„Треба да преминеме од трговска размена кон потесни меѓусебни односи“, истакна Руси-Поповска.

На настанот беше одржан и првиот „Бугарско-македонски бизнис-форум“. Од БМТИК најавија амбиција да организираат по два такви форума годишно – по еден во секоја од двете земји.

Најнови вести од: Бизнис

Инвестиции во туризмот и отварање нови авиолинии, Николовски на средба со „Корендон“

Македонија е интересна дестинација за инвестиции во туризмот и отворање нови авиолинии е заклучокот на вицепремиерот и министер за транспорт и врски Николовски по средбата со представниците на „Корендон“ една од најголемите групации во Европа. На состанокот се разговарало за можностите за нови инвестиции, развој на авиосообраќајот и унапредување на туризмот во Македонија.

Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финансиски професионалци

АБИТ и ЕФПА Луксембург започнуваат стратешко партнерство преку кое во регионот ќе бидат достапни меѓународни програми за финансиско образование и професионална сертификација. Ова нуди посебна вредност за студентите на Хајделберг факултет Скопје.

Во Македонија не се искористува ниту приватниот капитал од инвестиција како Иловица

Во наоѓалиштето во Иловица, утврдено е дека рудникот би експлоатирал 10 милиони тони руда годишно, а просечното годишно производство е проектирано на над 10.000 тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, проектот се предвидува да биде активен околу 23 години.

„Тинекс“ преку партнер во Косово ќе ја враќа ликвидноста на компанијата

Компанијата информираше дека менаџментот активно работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на состојбата, при што, како што беше објавено, поддршка има од банките и клучните деловни партнери.

(Фото): Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јули

Акцијата на Аутомакедонија АД Скопје бележи најголем раст во јули, покажува билтенот на Македонската берза за тој период. Акцијата на ТТК Банка АД Скопје пак има најголем пад. Во продолжение целосно и другите акции со најголем раст и пад за јулскиот период.

To top