Македонија

Мицкоски: Во политички монтиран случај, невини луѓе беа прогласени за терористи

Како држава мора да добиеме одговор како Катица Јанева задолжи обивнители од СЈО да вршат терор врз македонските граѓани

Примиерот Христијан Мицкоски денеска даде свое мислење одговорајки на прашање во врска со одлуката на апелација за случајот „27 Април“.

„ Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада. Според мене, таму невини луѓе беа прогласени за терористи. Невини за терористи, но сепак направија одреден престап и требаше за тој престап да одговараат, рече Мицкоски.

Премиерот со жалење потенцираше на фактот дека дел на обвинители и судии денес сведочат за фингирани процеси, уценувања и притисоци.

„ Како држава не можеме да одиме напред ако две работи не добијат јасен одговор.

Првиот одговор е, како Катица Јанева повторно ги задолжи обивнители од СЈО да вршат терор врз македонските граѓани?

И вториот случај е да се дознае вистината за „27 април“. Се’ останато е во рамките на правосудството, дециден Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Министерот Велковски го отвори новиот Центар за лица со попреченост во Кочани

Новиот Центар за лица со интелектуална и комбинирана попреченост е сместен во Комплексот „АСНОМ“ во простории кои претходно беа руинирани и напуштени. Општината комплетно ги реновираше

Повик ЈО да постапи по обвинувањата на Филипче кон Славјанка Петровска за криминал тежок 37 милиони евра

Не може да се игнорира овој скандал кој го обелоденува токму Венко Филипче. Тука сме да му помогнеме нему и да побараме токму од Јавното обвинителство, по допрен глас, да реагира и да го сослуша Венко Филипче за, како што самиот обвини, криминалот на Славјанка тежок 37 милиони евра

Обвинителството бара одбивање на гаранцијата понудена од првообвинетиот за пожарот во Дискотекта „„Пулс“

Понудениот недвижен имот бил предмет на извршна постапка и не можел да биде оптоварен со хипотека, а камоли да се реализира како средство за обезбедување од амбри, шупи и штали

To top