Македонија

ДУИ го напушти собранието откако доживеа дебакл за законот за Владата

Мала Речица незадоволна од поразот во гласањето за Техничка влада

Во врска со Законот за Владата координаторот на ДУИ, пратеничката Рина Ајдари, побара да прекине седницата на Собранието и овој предлог закон дополнително да се дискутира и во Комитетот за односи меѓу заедниците.

Потпретседателот на Собранието, по неколку процедурални интервенции и објаснувања, го стави предлогот на Рина Ајдари на гласање.

Иницијативата на ДУИ за прекинување на седницата беше одбиена со 65 гласови ПРОТИВ и само 14 гласа ЗА.

По ова гласање, опишувајќи го како мајоризација, пратеничката група на ДУИ заедно со пратениците Сали Мурати и Халил Снопче демонстративно ја напуштија седницата.

Интересно што пратениците Илире Даути, Зијадин Села и Елми Азири останаа на седницата и учествуваа во расправата по законот.

Иако формално овие пратеници сеуште се дел од коалицијата “Европски фронт”, сепак не го послушаа повикот на ДУИ и не ја напуштија собраниската сала.

Оваа постапка се совпаѓа со најавите на Изет Меџити дека вратата на парламентарното мнозинство е подотворена за партијата на Зијадин Села.

Седницата сеуште трае и се очекува денес во вечерните часови пратениците да гласаат за предлогот за измени во Законот за Владата во кој се предлага одложено укинување на техничката влада, после следните парламентарни избори.

Пратениците на СДСМ се во салата и расправаат за законот.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Преку отворен и искрен социјален дијалог креираме одржливи и фер политики кои се од интерес за сите страни

„Креирање на трудови политики и законска рамка“, која се одржа во рамки на конференцијата „Трудови политики и колективни договори – законска рамка, примена и предизвици“

Деца под 13 години користеле фејсбук и инстаграм, ЕК најавува построги мерки

Европската комисија соопшти дека технолошката компанија „Мета“ ги прекршила правилата на Европската унија бидејќи не успеала ефикасно да спречи деца помлади од 13 години да користат профили на Фејсбук и Инстаграм. Станува збор за прелиминарни наоди од истрага што траела речиси две години, во рамки на европските напори за посилна заштита на малолетниците на интернет.

(Видео): 3,3 милијарди евра во наредните 5 години за сериозни капитални проекти

Вкупната вредност во моментот е 3,3 милијарди евра за следните 5 години. Ова е сериозна бројка, повеќето се проекти поврзани со градежништвото, над 600 милиони евра годишно. Ќе треба да се организираме и мобилизираме да можеме да ги реализираме овие проекти. Како Влада, ќе сториме сè за да обезбедиме финансирање, а делот на реализација што треба да го зголеми БДП не зависи само од Владата, туку и од проектниот менаџмент на изведувачите – рече Мицкоски.

Опозицијата сака отворање нови рудници, ама да не биле со Западен капитал

Темата за рударството се актуализираше откако преку Стратешкиот дијалог со САД беа обезбедени средства за геолошки истражувања за антимон кај Крива Паланка. Од СДСМ иако велат дека не се против рудници, изразија незадоволство за проектот за антимон и побараа граѓанско изјаснување. Каја Шукова од СДСМ во телевизиско гостување во „Топ тема“ неодамна истакна дека како поранешна министерка за животна средина таа генерално никогаш не била против рудниците, но исто како и пратениците од Левица и Шукова сподели грижа околу работата на инспекциските служби.

Сиљановска-Давкова: Ние сме дел од Европа и таму ни е местото, но бараме третман како и за сите, за да се концентрираме на реформи, а не на ирационални прашања!

Швајцарија не е членка на Европската Унија, но таа ги исполнува сите Копенхашки критериуми и има извонредна соработка со Европската Унија.

Креативен ден Битола 2026: Преполна сала, млади таленти и моден спектакл инспириран од филмот (ВИДЕО)

Во преполната сала на Домот на културата во Битола, вчера се одржа петтиот „Креативен ден 2026“ – настан кој уште еднаш потврди дека младите креативци, модата и образованието можат да создадат вистински спектакл.

Филков: Изгубената партија СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство и само на збор се залага за европска иднина!

Поради отсуството на СДСМ беше одложена четвртата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, процес од кој директно зависи кредибилитетот на изборите и довербата на граѓаните, изјави министерот за правда Игор Филков. „Ова е доказ дека нивните заложби за европска иднина се само декларативни, а реалноста е нешто сосема спротивно. – нагласи Филков.

To top