Свет

Војната со Иран досега ги чинеше САД 25 милијарди долари

Високиот финансиски службеник на Пентагон, Џулс Херст, со прва официјална проценка за трошоците на воената кампања

Војната на Соединетите Американски Држави во Иран досега чинела 25 милијарди долари, изјави денес високиот финансиски службеник на Пентагон, Џулс Херст, давајќи ја првата официјална проценка за трошоците на војната.

Херст им кажа на конгресмените во Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом дека поголемиот дел од тие пари биле потрошени за муниција, објави Ројтерс.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, му рече на Комитетот дека зголемувањето на буџетот на Пентагон следната година на 1,5 трилиони долари ќе „ја одржи најмоќната и најспособната војска во светот“.

Хегсет рече дека Иран „не се откажал од своите нуклеарни амбиции“ и сè уште има илјадници ракети.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top