Свет

САД ја предупредија Русија за планиран терористички напад во Москва

Руската безбедносна служба ФСБ соопшти дека работи врз основа на американската дојава добиена „преку партнерски канали“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека постапува по информација за планиран терористички напад во Москва, добиена од американски колеги „преку партнерски канали“.

Во изјава за руските медиуми во саботата, ФСБ не наведе дополнителни детали, туку само истакна дека „се преземаат соодветни мерки“.

Претходно Амбасадата на САД во Москва издаде безбедносно предупредување, наведувајќи дека постои „веродостојна закана од настан со голем број жртви ДЕНЕС, 31 октомври, во музејскиот резерват Царицино во Москва“.

„Владата на САД се координира со соодветните руски власти во врска со реакцијата“, додадоа американските дипломати.

Амбасадата им препорача на американските државјани да ја избегнуваат областа околу музејот-дворец, како и местата со голема концентрација на луѓе, и истовремено да ги следат „локалните медиуми за какви било дополнителни информации“.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top