Премиерот на Словенија Јанез Јанша објави листа на работи кои Сливенците не ги очекувале да се случат кога решиле да влезат во ЕУ.
Јанша не мислел дека наведените работи можат да се случат воопшто.
Премиерот вели: Кога одлучивме да ѝ се приклучиме на ЕУ, никој не претпоставуваше дека во која било од нејзините земји-членки, или во Унијата како целина, ќе биде можно да се направи следново без никакви последици:
1. Да се поништат претседателски избори (Романија);
2. Да се укине информативната програма на националниот јавен сервис (Унгарија);
3. Да се испрати полиција во Уставниот суд (Полска);
4. Да се затвори лидерот на партија која води во анкетите, само три недели пред избори (Словенија);
5. Да се окупира националниот јавен сервис со полиција и да се смени неговото раководство (Полска);
6. Да им се прекинат мандатите на раководните лица во националниот јавен сервис и да се спроведе чистка на вработените (Словенија);
7. Да се затворат членови на претходната влада без можност за одбрана (Унгарија);
8. Да им се додели државјанство на речиси еден милион илегални мигранти преку забрзана постапка (Шпанија);
9. Да се затвори нова нуклеарна централа, додека истовремено се гради гасовод кон Русија (Германија);
10. Да се оданочуваат енергетските извори базирани на јаглерод, додека истовремено се затвораат нуклеарни централи, и да се пресели индустријата во земји со ниски еколошки стандарди, а сето тоа под изговор за „спасување на планетата“.
Резултатот е ЕУ која сега мора да се спасува самата од себе.