Македонија

Движењето ВРЕДИ стана една партија

Петте политички субјекти се обединуваат во една политичка сила

 „Само организирана, дисциплинирана и обединета сила може да го заштити албанскиот глас и еднаш засекогаш да ја затвори ерата на фрагментации, уцени и задкулисни игри“, соопштија од Коалицијата ВРЕДИ која од вчера е единствена  една партија.

Касами и Меџити ќе раководат со партијата ВРЕДИ

„Заврши времето кога албанската политика беше третирана како приватна сопственост на една корумпирана клика. Заврши времето кога неколкумина одлучуваа во име на сите Албанци, додека народот ја плаќаше цената на нивната ароганција, алчност и безобразна потреба за власт.

Тој модел падна. И не падна случајно. Падна затоа што Албанците повеќе не прифаќаат да бидат заложници на истрошени структури, лажен патриотизам и политички измами кои со години служеа само за личен спас на малкумина.

 

Како обединета политичка сила, се залага за владеење на правото, нулта толеранција за корупција, независно судство, европски пат, партнерство со НАТО и заштита на семејството, традицијата, културата и идентитетот. За оние што ја претворија политиката во бизнис, државата во плен и Албанците во бројка за манипулација, ова е лоша вестпишува во своето соопштението на партијата ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top