Македонија

Шилегов: Филипче треба да поднесе оставка, поради катастрофалниот рејтинг! – Сосила не може да му се даде памет!

„Не можеме ние претседателот Филипче да го принудиме да поднесе оставка. Ама ако ги имате овие резултати, ако ги имате последните анкети, ако го имате рејтингот на претседателот на партијата, кој е катастрофален, но упорно да тврдиш дека ти си вистинското решение, а никој друг не чини, знаете на човек со сила му се зема, ама не му се дава, вклучително и памет!“ – изјави Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во интервју за „Фокус“.

Шилегов посочи дека реакции за несоодветното водење на партијата имало и од обичните членови на партијата и од претседателите на општинските организации.

„Не е дека некој нешто чека, но ќе видиме како ќе се движат работите. Но, огромна е комуникацијата со мене, со другите луѓе што сме сериозно загрижени за состојбата во партијата, и тоа на сите нивоа. Од обичното членство до актуелни претседатели на општински, кои се номинирани од ова раководство, бидејќи гледаат дека не ја бива работата“, рече Шилегов во споменатото интервју.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top