Македонија

Признание на вина во случајот ИПАРД: Jасмина Kостадинова се чуствува виновна за примање поткуп

На почеток на судскиот процес

Јамина Костадинова призна дека примала поткуп за противзаконито влијание во случајот „Ипард“ со злоупотребите на европските пари. Таа како вработена во Министерството за земјоделство, обвинителството ја товареше дека со мито од 2 илјади евра требало да влијае врз крајната одлука за фондовите односно пари да добие фирмата на екс министерот Џефдет Насуфи. Таа плчејќи ја призна вината и рече дека згрешила. Судот ќе ја објави пресудата за неа во вторник.

„Истата, уште во фазата на истрага суштински го има признаено кривичното дело, дека истата се кае, досега не е осудувана. Факт е дека со потврда за одземени предмети се одземени 2 илјади евра“, изјави Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на Јасмина Костадинова.

Обвинителството побара осудителна пресуда за Костадинова.

„ЕУ очекуваше да види како државата ќе постапи во вакви случаи кога се случуваат постапување од страна на поединци кои се носители на највисоки функции во Агенцијата кои одлучуваат токму за доделување на овие средства од ИПАРД фондовите. Во прашање е не само фондовите на европските даночници, туку во прашање е кредибилитетот на државата пред ЕУ. Обвинителството е задоволно што ЕК сепак одлучи да ги одмрзне овие средства“, изјави Наташа Поп Трајкова

Првообвинетиот Насуфи нудел мито 50 илјади евра поткуп за неговата фирма без да ги исполнува ословите добие европски пари. Во измамата учествувал и ексдиректорот на платежната агенција Илија Стоилев, како и вработени и управители во фирмата.

„Обвинителството располага со доволно материјални докази, докази прибавени со ПИ мерки, како и докази од извлечени податоци од електронски уреди со кои ќе докаже вина на останатите обвинети“, изјави обвинителката Трајкова.

За остантите обвинети судењето продолжува на 11 мај, со воведни зборови на обвинителството и одбраната.

Најнови вести од: Македонија

Запленети 35.000 австралиски долари на аеродромот во Скопје

Иако патниците носеле поголема сума на девизи, тие наместо да се упатат на црвениот канал за пријавување, поминале низ зелениот канал, наменет за патници без ништо за пријавување. По селекција биле издвоени за детална контрола, при што биле откриени непријавените девизни средства

To top