Македонија

(Фото): Синдикален марш: 260.000 работници живеат со плата под 600 евра, мал број излегоа на протест

ССМ и годинава со протест го одбележа Први Мај – Денот на трудот. Протестот започна пред зградата на Сојузот на синдикати, продолжи кон Собранието, па пред Стопанската комора, а заврши пред Владата. Синдикалците со јасни барања: Повисока минимална плата, почитување на колективните договори и подобра заштита на работниците на нивните работни места. Предупредија дека состојбата е сериозна. Само во 2025 година 31 работник заминал на работа и не се вратил дома.

За жал, 260 000 работници живеат со плата под 600 евра, а само неколку илјади луѓе сме присутни на денешниот протест – изјави претседателот на Сојзуот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, на денешниот работнички протестен марш по повод 1 Мај – Денот на трудот. Многу работници, според Трендафилов, и покрај тоа што не се задоволни од своите плати, се плашат да се придружат на протестите бидејќи сметаат дека тие се насочени против некого. Претседателот на ССМ во оваа смисла порача дека борбата за повисоки плати треба да биде уште пожестока.

  • „Денеска е 1 Мај, денот кога работниците уште во далечната 1886 година излегле на улица и по цена на своите животи, за да ги заштитат своите работнички права, за да го скратат работниот ден од 12 на 8 час. Денеска ние и вие сме дел од светското синдикално движење каде што луѓето излегуваат да протестираат за да го одбележат 1 Мај на таков начин. За жал, денеска имаме и квази синдикати кои сметаа дека не треба да се протестира, кои сметаа дека нивното членство е задоволно и дека 1 Мај е за луксуз во скап хотел, на скапа конференција“, изјави меѓу другото претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, на денешниот протест.

Претседателот на Независниот синдикат за образование и наука, Томислав Гиевски, кој се приклучи на денешниот протест на ССМ, се осврна на синдикалните барања што тие ги имаат.

  • „Како независен синдикат за образование и наука стоиме цврстно на нашите барања, а тоа се почитување на колективните договори, почитување на пресметката на плата согласно коефициентот помножен со минималната плата. Бараме во најбрз можен рок да се започне почитуваање на колективните договори и достоинствено вреднување на трудот на вработените во образованието и во детската заштита. Не се откажуваме од овие барања не затоа што така ни текнало, туку затоа што така е предвидено во колективниот договор“, рече Гиевски.

Првомајскиот протест се одржа под слоганот „За плата се бориме – не се молиме“. Маршот започна од зградата на ССМ во центарот на Скопје, продолжи пред Собранието и Стопанската комора и заврши пред Владата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Хаос на граница пред продолжениот викенд

Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на преминот „Богородица“, велат од МВР и додаваат дека на истиот граничен премин, до 10 часот, поминале над 11 илјади државјани на други земји. Од македонска страна, не е забележан застој на граничните премини на југоисточниот дел од земјата и додаваат дека се преземни мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

АНБ разби радикална терористичка група поврзани со Исламска држава и со обидот за палежот на еврејската синагога во Скопје!

Агенцијата за национална безбедност согласно своите надлежности презеде оперативно-технички и аналитички мерки и активности со цел идентификување на мотивите и непосредните извршители на обидот за опожарување на објектот на Еврејска заедница во Скопје. Во таа насока од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности.

To top