Македонија

Ќулафкова: Стана „престижно“ да се омаловажува Делчев, но тој беше важен чинител за политичкото созревање на македонската нација и за слободата на Македонија!

„Стана ‘престижно’ да се омаловажуваат македонските историски личности, вклучително и Гоце Делчев. Историската свест како да е ставена на операционен стол за ампутација на чувствителните делови, а нив ги има. Да кажат тие пациенти која нација – држава во Европа и Азија е создадена без контакт на историското со митското време? Секоја култна историска личност прераснува во мит. Митот тешко се претвора во историја, но и тоа се случува. Гоце е и историски факт, но и култна личност е, затоа што со својата дејност за слобода и самостојност на Македонија и Македонците бил важен чинител на политичко и револуционерно созревање на македонската нација.“ – реагира академик Катица Ќулафкова преку својот фејсбук-профил.

Натаму Ќулафкова истакнува: Во исклучително тешки општествени околности, при услови на култура на предавства меѓу Македонците, за време на својот краток живот, убиен, жртвуван, тој дал најмногу што можел: станал олицетворение на македонството. И наместо да се релативизира неговиот придонес, треба да се промовира суштински неговото дело како увод во популаризација на една важна епоха за Македонија, Балканот и Европа…

Еден поетски роман добивме од Зоран Спасов Зоф и се вознемирија некои духови. Романите на Димитар Талев, родум од Прилеп, кој ја опева исклучиво Македонија и македонската Идеја, дури и при сета редактура што ја претрпеле (особено биографската повест за Делчев, објавена за прв пат 1948 и политичкиот роман Ви ги слушам гласовите), ја покажуваат јасната хуманистичка и македонска свест на Гоце, а ние не сме ги превеле на македонски. На денешен ден барем нека замолчат современиците, кои самите не знаат што се и кои им се корените, ама им се додворуваат на сомнителните (увезени) политики кои секоја година поткопуваат по некој дел од македонските темели.

Инаку, еве што вели вештачката интелигенција за нациите, митот и историјата: „Да, европските нации се градени врз комбинација од историја, митови и идеализирани настани. Ова е добро документиран феномен во студиите за национализам и историографија. При формирањето на модерните европски држави (особено во 19. и почетокот на 20. век), историските факти често се преплетувале со митски личности, идеализирани настани и „измислени традиции” за да се создаде кохезивен национален идентитет.“ – нагласува во својата објава на општествените мрежи академик Катица Ќулафкова.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ужичко оро среде граница – новиот систем за патување го зголеми метежот кон јужниот сосед

Ужичко оро на македонско-грчката граница. Новиот систем за патување наместо да ги намали, го зголеми метежот на границата со јужниот сосед. Чекањето со часови не им претставувало проблем на 14.000 наши државјани кои отпатувале на продолжен викенд – велат туристичките работници. Иако, првичната цел на системот беше да се зајакне контролата за денови на престој, сепак на враќање не се вршело скенирање.

ОМО „Илинден“ – Пирин: Гоце умре, но не и неговата идеја! Ја чуваше чистотата на македонското дело со посебна жар!

„Гоце Делчев е светилникот на македонската слобода. Пред 123 години згасна неговиот живот, но не и неговата идеја. Делчев не е само име во историјата, тој е вечна искра што ги буди генерациите. Да се поклониме пред неговата жртва и да ја чуваме Македонија со истата љубов и решителност со која тој ја бранеше.’ – објави ОМО „Илинден“ – Пирин, нполитичката организација на Македонците од Пиринскиот дел на Македонија, денес во Бугарија, преку својот фејсбук-профил.

„Епохална“ изјава на Филипче: Да беше жив Гоце Делчев, денес сигурно лично ќе се бореше против ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски?!

„Ако Гоце Делчев денес беше жив, би се срамел од оние што се повикуваат на неговото име додека уништуваат сè за што тој се бореше. Гоце Делчев се бореше за слободна и праведна Македонија. Денешното ВМРО ја претвори државата во плен, а граѓаните во заложници на својата корупција и власт. Тој лично би се борел против Мицкоски, против оваа денешна криминална група ВМРО и сè она што тие го претставуваат!“ – рече лидерот на СДС Филипче во изјава за новинарите.

Откако е пуштен на условен отпуст, Чавков бара правна потврда дали судењата биле без влијанија кога беше осуден за наводен „тероризам“ во случајот „27 април“!

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков кој беше осуден за случајот „27 април“ денеска е пуштен на условен отпуст, потврди за Македонската информативна агенција – МИА директорот на Затворот во Штип Дејан Здравков. Чавков излегол од штипскиот затвор денеска околу 10 часот. На својот фејсбук-профил Чавков денес нагласува дека е „потребен јасен и доверлив процес за правна потврда на најспорните постапки“. „НЕ РЕВИЗИЈА на пресуди, туку проверка дали постапките биле ФЕР, НЕПРИСТРАСНИ и ослободени од влијанија.“ – нагласи Митко Чавков денес по пуштањето на условен отпуст.

To top