Македонија

Докази на одбраната за случајот ДКСК: Обвинителството вели ја поткрепуваат нашата теза за оддавање службена тајна

Доказна постапка

Судењето за пораншената прва антикорупционерка продолжи со изведување на докази на одбраната. Татјана Димитровска тврди дека сите одлуки кои ги споделила во пораките со ексдиректорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, претходно биле јавно објавени на седници на Антикорупциската комисија. Одбраната на поранешната вработена во Термоелектраната, пред судот изведуваа решенија за вработување и велат нема оддавање на службена тајна бидејќи Стојановиќ и бил директор и морала да го запознае со сите барање на истражните институции.

Обвинителството пак смета дека, доказите на одбраната одат во полза на товарот против нејзе, односно дека на седниците не било кажано кои лица и фирми биле предмет на проверки.

Одбраната најави двајца сведоци за следното рочиште, од Агенцијата за национална безбедност и Антикорупциската комисија. А во дополнение и обвинтиелството ќе продолжи нови сослушувања.

Најнови вести од: Македонија

Од септември бесплатни учебници за сите ученици од прво до четврто одделение

На 1 септември за секое дете од прво до четврто одделение ќе има учебници. Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, веќе се доставени до училиштата. Но оние училишта што навреме не пријавиле потребно количество ќе треба самите да обезбедат учебници бидејќи МОН испорачува според нарачаното.

To top