Македонија

Берсе во Македонија: Работиме на спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права донесени против Бугарија

Не е само важна улогата во донесувањето на одлуките на Судот за човекови права, туку и во нивно спроведување

Работиме на спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права донесени против Бугарија – изјави денеска генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

– Не е само важна улогата во донесувањето на одлуките на Судот за човекови права, туку и во нивно спроведување. Во случајот што го споменавте за Бугарија, знаете дека имаме преглед на одлуките што сè уште не се извршени. И работиме на ова. Постигнавме одреден напредок, би рекол, во последниот месец, потребно е малку време, но знаете, мислам, стабилноста на процесот е исто така важна затоа што мора да биде повеќе од само симболично решение – рече Берсе.

Според него, постигнат е одреден напредок во последните 12 месеци и посочи оти прашањето ќе го разгледа Комитетот на министрите порано оваа година со цел да спроведувањето на одлуиките да стане реалност.

– Вие сте целосно во право, беше предолго извршувањето. Тоа е јасно. Но продолжуваме да работиме на ова и се надевам дека ќе имаме позитивен резултат многу бргу – додаде Берсе.

Во однос на забраната за влез во Бугарија на десет години на адвокатот Тони Менкиноски, кој ги застапува Македонците од Бугарија пред ЕСЧП, Берсе рече дека не може да коментира конкретен случај, но, вели, заштитата на адвокатите е од суштинско значење во едно општество.

– И токму затоа Советот на Европа разработи специјална Конвенција за заштита на адвокатите од непријателски дејства, не знам дека и Северна Македонија ја има потпишано оваа Конвенција, не се спроведува сè уште бидејќи е во фаза на разработка, но и Комисијата за човекови права ќе може да ја заврши својата работа и во овој случај да ја процени ситуацијата – рече Берсе.

Во однос на одлуките на ЕСЧП, Муцунски, од своја страна, рече дека ние сме држава што доследно ги применува пресудите на судот.

– Тоа не е секогаш пријатно и лесно на државата, но како што кажа во претходната изјава, Европската конвенција и пресудите на судот, покрај имплементација на заеднички простор на водење на правото, се и морален компас за земјите членки. И колку и тоа да не е лесно, обврска на земјите членки е тоа да го прават. Во однос на конкретните предмети, државата, иако не е странка во постапките, за жал, тоа е нешто од минатото што не можеме сега да го поправиме, сепак сме земја членка на Советот на Европа и ние нашите перспективи во однос на ова прашање ги даваме во рамките на Комитетот на министрите како земја членка на Советот на Европа и очекуваме дека сите земји членки ќе си ги преземат своите обврски во согласност со Конвенцијата – рече Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава

Премиерот Мицкоски посочи дека бугарските политичари не се откажуваат од Протоколите 1 и 2, каде се охрабрува работата на историската комисија до влезот на Македонија во Европската Унија. Тој потсети на говорот на сегашниот бугарски премиер од 2019 година во Санкт Петербург каде тој си ги присвојува Кирил и Методиј и кажува дека вечно ќе ја слават Санстефанска Бугарија.

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор, а не случајност

Од специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, не слушнавме ниту еден збор осуда за објавувањето на оваа дипломатска нота, која е скандалозна по секоја основа. За Филипче ова очигледно не е тема што заслужува реакција

Мицкоски: Со Макрон и Мерц разговарав за можностите да се даде поттик за европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Според неофицијалниот документ претставен од Франција и од Германија од самитот кој се одржа на почетокот на јуни, исполнувањето на одредени критериуми за прием ќе биде наградено со привилегиран пристап до заедничкиот европски пазар и можноат да се испратат набљудувачи во европските институции

To top