Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака да го надмине Заев во предавствата на Македонија!

Лицемерието на лидерот на социјалдемократите нема крај, додека зборуваат за европскиот пат на државата ги кочат и не ги поддржуваат законите од Реформската агенда во Собранието.

СДС и Венко Филипче повторно покажуваат дека за нив најважно е враќањето на власт, дури и по цена на нови отстапки на штета на македонскиот народ и државните интереси, обвинуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерието на СДС и Венко Филипче нема крај, додека зборуваат за европскиот пат на државата ги кочат и не ги поддржуваат законите од Реформската агенда во Собранието.

Додека СДС и Филипче зборуваат за проевропскиот пат на државата соработуваат со бизнисмени кои имаат проруски ориентации како Александар Онишченко на кого му дадоа македонско државјанство, Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија, кој доби десетици државни тендери во време на СДС и Миодраг Давидовиќ – Дака за кој само еден ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваа ДУП во Тетово, за да му се овозможи проект тежок 200 милиони евра со над 2.000 станбени единици“ и додаваат:

„Филипче глуми грижа за европскиот пат додека е спремен да ги распродаде националните интереси. Филипче се прави дека тој не слушнал дека Бугарија го негирала македонскиот идентитет и покрај многубројните изјави од бугарски официјални претставници каде отворено Бугарија го негира идентитетот, Гоце Делчев, покрај барањата на Бугарија за промена на учебниците, покрај оспорувањето на јазикот.

Филипче со неговите изјави покажува спремност за устави измени и спремност да го надмине неговиот ментор Заев во предавствата на државните интереси. СДС и Филипче се спремни да ја стават државата во подредена состојба само за да дојдат на власт и да си ги полнат сопствените џебови.

Поради СДС, Заев и останатите државата е во ќорсокак токму поради погрешните политики како Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, и Францускиот предлог, се веливо соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Граѓаните знаат кој работи за напредок, стабилност и заштита на националните интереси а кој е подготвен повторно да тргува со историјата, идентитетот и националните интереси само поради власт и лични цели“

Најнови вести од: Македонија

Драма денес во авионот на „Рајанер“ над Македонија за малку ќе се претвореше во трагедија: патници држеа Србин (61) да не излета низ скршениот прозорец на авионот!

Патник (61) од Србија е повреден во денешниот инцидент на авион на „Рајанер“, кој присилно се врати на аеродромот во Солун по откриен дефект на моторот во текот на летот над Македонија. Грчките медиуми објавија дека тој бил спасен од безбедносниот појас и од другите патници, кои го држеле и го влечеле, за да не излета од авионот низ скршениот прозорец!

„Н.М.“: Брисел зборува за „прва и втора ЕУ-лига“, а Трамп ја смести Европа во трета лига!

„Кога американскиот претседател Доналд Трамп деновиве напиша дека ‘Европа станува земја од Третиот Свет’ не употреби само навредлива политичка квалификација. Во јавниот говор денес ‘Трет Свет’ најчесто се користи како синоним за сиромаштија, хаос, криминал, корупција, неразвиеност и нефункционални институции. Со текот на времето, поимот почна да означува не политичка припадност, туку степен на развој. Европа во неговата порака претставува пример што, според него, САД треба да го избегнат.“ – се нагласува во анализата со наслов „Брисел зборува за ‘прва и втора ЕУ-лига’, Трамп ја смести Европа во трета лига“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Стојаноски: Ќе прифатиме сè што ќе договорат опозициските партии, ако остане гласањето на дијаспората

Стојаноски денеска ја повика опозицијата да постигне договор за измените на Изборниот законик, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство ќе ја поддржи секоја варијанта што ќе ја усогласат опозициските партии

Најнови вести

To top