Бизнис

Николоски очекува раст од 70 отсто во изградбата на автопатите годинава

Реализирани 74 отсто од средствата за капитални инвестиции во Министерството за транспорт за годинава, откри вицепремиерот 

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува годинава активностите на автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“ да бидат поголеми за 70 проценти во однос на минатата година, кога се зголемиле за 90 отсто во споредба со годината пред тоа.

„Сега, со оглед на тоа дека завршните сметки се готови, можете да видите дека Бехтел има 90 проценти раст кога ќе ги споредите 2024 со 2025 година, што значи дека она што го кажуваме во јавност, дека ние им ги отворивме фронтовите за работа и им ги овозможивме сите услови да работат, се покажува на дело, а оваа година очекувам дека ќе имаат некаде 70 отсто раст, во споредба со минатата. Значи, проектот расте, како што треба да расте, се обидуваме да ги надминеме слабостите од минатото. Ние наследивме проект кој што имаше 0 отсто експропријација, нула дислокација на водови и каде што освен потпишување на договори немаше никакви активности на терен“, изјави Николоски во интервјуто за поткастот „Ноќно студио“.

Потпретседателот на Владата наведе дека уште во првите четири месеци годинава се реализирани 74 проценти од од средствата за капитални инвестиции во Министерството за транспорт.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

Најнови вести

To top