Македонија

Свечено отворен македонскиот павилјон на 61. Венециско биенале

Во просторот со силна духовна и историска меморија „Ex Capella Buon Pastore“,вчера свечено беше отворен македонскиот павилјон

Во просторот со силна духовна и историска меморија „Ex Capella Buon Pastore“,вчера свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 61. издание на најпрестижниот светски настан од областа на современата уметност – Биеналето на уметноста во Венеција.

На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот„Пиета во прекривките на ургентноста/Will my eyes be closed or open?“ од уметникот Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес, пред присутните се обрати државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова.

Ѓоргова во своето обраќање истакна дека учеството на Република Македонија претставува „јасна потврда дека македонската култура има што да каже на јазикот на современата уметност“.

Говорејќи за делото на Жерновски, Ѓоргова посочи дека станува збор за силен и слоевит уметнички израз, во кој класичниот мотив на Пиета е трансформиран во современ визуелен јазик што ги поврзува историското наследство и актуелните состојби во светот.

Таа ја истакна и симболиката на „златните“ заштитни фолии, кои, како што рече, се истовремено и заштита и аларм, потсетник на времето на кризи, но и на потребата човечноста повторно да биде осмислена.

Според Ѓоргова, поставувањето на македонскиот павилјон во „Ex Capella Buon Pastore“ му дава дополнителна димензија на делото, кое „станува мост меѓу минатото и сегашноста, меѓу интимното и универзалното“.

Ѓоргова се осврна и на концептот на годинашното издание на Биеналето, под кураторство на Којо Куо и со наслов „In Minor Keys“ (Во молски тоналитет), нагласувајќи дека оваа тема отвора простор за тивки, суптилни и често занемарени приказни, кои повикуваат на емпатија, размислување и суштински отпор во време на глобални предизвици.

На годинашното 61. Биенале на уметноста учествуваат над сто уметници и се претставени над 80 национални павилјони од целиот свет, кои преку разновидни медиуми и пристапи ги адресираат клучните теми на денешницата – од миграции и климатски промени до политички конфликти и идентитетски
прашања.

Најнови вести од: Македонија

Филипче се „надмина“: Сѐ што кажува премиерот е само изговор, треба да се направат уставните измени, a а тој да биде „персона нон грата“?!

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во изјава по повод 9 Мај – Денот на Европа упати „критики до власта“ дека ја „држи државата изолирана од Европа“ и побара да се направат уставни измени, „за да почнат преговорите за членство во Европската унија“.

Мицкоски: Не смееме да дозволиме да се заборави подвигот на загинатите борци! Нашите претци беа на вистинската страна на историјата, за разлика од окупаторите-„администратори“!

„Денес стоиме исправени пред историјата. Пред ден кој не е само датум во календарот, туку ден врежан во совеста на човештвото. Ден на победата над фашизмот. Ден кога светот покажа дека злото може да биде поразено, дека тиранијата не е вечна и дека слободата секогаш ја наоѓа својата сила во народите кои не се предаваат. Ние, Македонците, многу добро ја разбираме цената на слободата. Нашата историја не е историја на покорување, туку историја на отпор. Историја на луѓе кои, и кога биле малубројни, знаеле да бидат големи. Историја на генерации кои ја чувале идејата за своја држава, свој јазик, свој идентитет и свое достоинство.“ – порача и преку својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски по денешното одбележување на 9 мај, Денот на победата над фашизмот, кое се совпаѓа денес и со одбележувањето на Денот на Европа.

To top