Македонија

Берсе: Бугарија е должна да ги спроведе пресудите на ЕСЧП

Да се биде членка на Советот на Европа не значи само да се биде дел од клубот, туку и да се прифати обврската за спроведување на сите пресуди на Европскиот суд за човекови права

Генералниот секретар на Совет на Европа, Ален Берсе, изјави дека сите земји-членки на организацијата, вклучително и Бугарија и Македонија, имаат обврска да ги спроведуваат пресудите на Европски суд за човекови права.

Во интервју за МИА, Берсе се осврна на пресудите поврзани со македонското малцинство во Бугарија и нагласи дека суштината на тие одлуки е да се овозможи регистрација на организациите.

– Да се биде членка на Советот на Европа не значи само да се биде дел од клубот, туку и да се прифати обврската за спроведување на сите пресуди на Европскиот суд за човекови права – изјави Берсе.

Тој потсети дека во последните две децении судот донел 14 пресуди во кои е утврдено прекршување на членот 11 од Европската конвенција за човекови права, кој се однесува на слободата на здружување.

Берсе истакна дека прашањето редовно се разгледува од страна на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој го следи спроведувањето на судските пресуди во земјите-членки.

– Одлуките на судот се јасни и тие мора да бидат спроведени. Не можеме да прифатиме ситуација во која тие нема да се реализираат – нагласи генералниот секретар на Советот на Европа.

Тој додаде дека во последните месеци има одреден напредок во разговорите со Бугарија и изрази надеж дека ќе има позитивен исход.

Според Берсе, процесот на спроведување е сложен и бара време, но клучно е да се обезбеди трајно и квалитетно решение.

За време на неговата прва официјална посета на земјава, Берсе најави и нови активности поврзани со претстојното претседавање на Македонија со Комитетот на министрите на Советот на Европа во ноември следната година.

Најнови вести од: Македонија

Филипче се „надмина“: Сѐ што кажува премиерот е само изговор, треба да се направат уставните измени, a а тој да биде „персона нон грата“?!

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во изјава по повод 9 Мај – Денот на Европа упати „критики до власта“ дека ја „држи државата изолирана од Европа“ и побара да се направат уставни измени, „за да почнат преговорите за членство во Европската унија“.

Мицкоски: Не смееме да дозволиме да се заборави подвигот на загинатите борци! Нашите претци беа на вистинската страна на историјата, за разлика од окупаторите-„администратори“!

„Денес стоиме исправени пред историјата. Пред ден кој не е само датум во календарот, туку ден врежан во совеста на човештвото. Ден на победата над фашизмот. Ден кога светот покажа дека злото може да биде поразено, дека тиранијата не е вечна и дека слободата секогаш ја наоѓа својата сила во народите кои не се предаваат. Ние, Македонците, многу добро ја разбираме цената на слободата. Нашата историја не е историја на покорување, туку историја на отпор. Историја на луѓе кои, и кога биле малубројни, знаеле да бидат големи. Историја на генерации кои ја чувале идејата за своја држава, свој јазик, свој идентитет и свое достоинство.“ – порача и преку својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски по денешното одбележување на 9 мај, Денот на победата над фашизмот, кое се совпаѓа денес и со одбележувањето на Денот на Европа.

To top