Македонија

Автопатот Охрид-Кичево ќе биде завршен да крајот на оваа или почетокот на идната година (ВИДЕО)

Кога бевме изгласани како Влада имаше нула метри асфалт, вели министерот

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според Николоски, проектот бил оставен во целосен застој, а Владата затекнала состојба без ниту еден метар асфалт и со сериозни проблеми во реализацијата и финансирањето.

„Ако тргнувате од Кичево, тогаш на крајот на оваа година или почетокот на следната година, автопатот ќе биде завршен. Кога бевме изгласани како Влада имаше нула метри асфалт – рече Николоски во гостување во поткастот „Ноќно студио“.

Активната работа на терен, додаде тој, почнала дури од октомври 2024 година“.

Тој потенцира дека Владата се соочила со сериозни проблеми со финансирањето од страна на „Екисм Банка.

 

Најнови вести од: Македонија

Изгоре автомобил во движење во скопско Радишани (ВИДЕО)

Видео од запаленото возило беше споделиено од порталот „Маркукуле“ на својата фејсбук-страница, каде што на снимката се гледа како густ црн чад и пламен целосно го голтаат луксузниот автомобил „порше кајен“

To top