Македонија

На средбата на Сиљановска-Давкова со Џон Битов помладиот и Јордан Битов предочена можноста за засилување на канадско-македонските односи на највисоко ниво!

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонското иселеништво во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“. Таа им се заблагодари за долгогодишниот придонес на македонското иселеништво во Канада во јакнењето на економските, образовните, научните и културните врски со матичната држава Македонија, како и во претставувањето на македонските интереси и потенцијали на меѓународен план.

Беше истакната важноста на иницијативите како „Македонија 2025“, коишто придонесуваат за поврзување на домашната бизнис-заедница со успешни професионалци и инвеститори од дијаспората, поттикнувајќи претприемништво, иновации и економски развој.

Претседателката на Македонија детално ги запозна со внатрешните и надворешните политички приоритети на државата, со посебен осврт на евроинтеграциските процеси. Тие ја предочија можноста за засилување на канадско-македонските односи на највисоко ниво.

Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на севкупната соработка и меѓународната афирмација на македонската држава.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски-Гутереш: Oдлична соработка меѓу ОН и Македонија

Како што соопшти канцеларијата на гн-секот на ОН, била истакната одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија, разговарале и за европските интеграции, регионалната соработка и поддршката на мултилатерализмот.

Влегуваме во нова ера на „посебно партнерство“ со Македонија – Алсубуси во интервју за Радио Лидер

Емиратите се сериозно заинтересирани за инвестиции во земјава – во фокусот се инфраструктурата, енергетиката, земјоделството и туризмот, а Сеопфатниот договор за економско партнерство треба да отвори нови можности за трговија и капитал

To top