Македонија

Загина млад фудбалер на ГФК „Охрид“

По сообраќајката, и покрај напорите на лекарите, тој им подлегна на повредите во охридската болница

Анастас Каровски (16) фудбалска надеж на охридскиот клуб ГФК „Охрид“, загина во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид – Св. Наум, животот го загуби 16-годишниот

Веста беше објавена на Facebook страницата на МакСпорт, каде стои дека младиот талент трагично го загубил животот на само 16 години.

Информацијата беше потврдена и од самиот клуб, кој на својата официјална Facebook страница упати сочувство до семејството на Каровски.

Каровски беше тешко повреден откако со мопед излетал од коловозот и удрил во метален столб. И покрај напорите на лекарите, им подлегна на повредите во охридската болница.

Во несреќата тешко беше повреден и неговиот сопатник, исто така 16-годишник од Охрид. Неговите повреди се констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е неизбришлив спомен и вечен завет за чување и развој на татковината

Идеја водилка на востанието пред 85 години, како народен отпор беше вековниот стремеж за слободна македонска држава. Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ

To top