Македонскиот активист во Бугарија, Атанас Кирјаков-Војводата, претседател на Градскиот комитет на ОМО „Илинден“ од Благоавград, ја најави можноста за отворање нов клуб на Македонците во главниот град на Пиринска Македонија по „Никола Вапцаров“.
„Локалните Македонци од Благоевград ја разгледуваат можноста за отворање клуб на ВМРО-ДПМНЕ“, објави на Фејсбук еден од основачите на Обединетата македонска организација „Илинден“ во 1990 година.
Слична организација веќе постои во Албанија, кадешто во септември минатата година судот во Тирана го регистрира македонското Здружение „ВМРО-ДПМНЕ – Албанија“.