Македонија

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е геополитичко обединување на Европа и стратешка инвестиција во постабилен и побезбеден континент

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски синоќа во Скопје се обратил на конференцијата „Безбедноста во Западен Балкан“, организирана од германскиот институт „Аспен“ (Aspen Institute Germany) во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

-Нагласив дека, во услови на длабоки геополитички промени, безбедноста на Западниот Балкан е неразделно поврзана со безбедноста и стабилноста на Европа – стои во објавата на Муцунски на неговата Фејсбук страница.

Муцунски ја истакнал нашата јасна стратешка ориентација: членство во НАТО, стопроцентна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и цврста определба за полноправно членство во ЕУ.

-Потенцирав дека проширувањето на Европската Унија е геополитичко обединување на Европа и стратешка инвестиција во постабилен и побезбеден континент – наведува Муцунски.

Министерот посочил дека Западниот Балкан треба сè повеќе да се препознава како регион што придонесува кон колективната отпорност и европската безбедност.

-За тоа се потребни политичка одговорност, посилна регионална соработка и свест дека безбедноста на една држава не може да се одвои од безбедноста на нејзините соседи – додава Муцунски во објавата.

Најнови вести од: Македонија

„КАЖИ НЕ!“ – кампања на МВР против сексуалната злоупотреба на деца во дигиталниот простор (ВИДЕО)

Целта на кампањата е да се подигне свеста кај децата, младите, родителите и пошироката јавност за препознавање и спречување на сексуалната злоупотреба во дигиталниот простор

Јовановски: На негирањата на македонската историја ќе одговориме со научна храброст и смиреност

„Од национални приказни до испреплетени истории“ е насловот на дводневната меѓународна конференција што ја организира Институтот за историја при Филозофскиот факултет на УКИМ по повод 80 години од неговото основање. Програмата опфаќа неколку пленарни и тематски сесии посветени на историските процеси, националните наративи, културните и дипломатските односи, како и на современите пристапи во историските истражувања. Учесниците ќе се претстават со реферати за историјата на Македонија од средновековниот период до современата државност, за односите на Балканот, османлискиот период, светските војни и меѓународните историски влијанија.

Светско признание за министерот Тошковски за „Безбеден град“ (ВИДЕО)

Наградата претставува меѓународно признание за проектот насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот преку примена на современи технологии, автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци и дигитализација на постапките

To top