Уште две малотенички се пожалиле од непристојното однесување на 65 годишниот наставник и сопственик на Образовниот центар од Штип. По првичните пријави од три девојчиња, вчера во полицијат аимало уште две пријави, дознава Алфа. И тие се жалат дека наставникот ги допирал. Ова засега се непотврдени информации, бидејќи од СВР-Штип, но и Центарот за социјални работи кои активно се вклучени во постапката, не откриваат нови детали за случајот. Оттаму посочуваат дека станува збор за исклучително сензитивна постапка, со оглед дека жртвите се деца помлади од 15 години. Вчера Основното јавно обвинителство информираше..
Грозоморна вест: 65-годишен маж во Штип неколку години злоставувал три малолетни девојчиња
„Донесено е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три деца кои не наполниле 15години. Осомничениот, последователно од септември 2023 година до 11.05.2026 користел прилика во која на девојчињата на возраст од 13,11 и 10 години, им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал и ги допирал по телото“ велат од ОЈО.
Случајот излезе на површина откако во понеделникот, девојченце од четврто одделение се пожалило дома дека во изминатиот период за време на дополнителната настава по телото била пипкана од 65 годишниот маж. Случајот веднаш го пријавиле во полиција, а потоа следа и дополнителни пријави од девојчиња кои оделе во Образовниот центар. Од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор од 30дена.