Македонија

Грозоморна вест: 65-годишен маж во Штип неколку години злоставувал три малолетни девојчиња

Доби 30-дневен притвор

Речиси три години три малолетни девојчиња на возраст од 13 , 11 и 10 години  биле жртви на сексуално злоставување од страна на 65годишниот штипјанец,   сопственик и управител на приватен образовен центар во Штип, а истовремено во центарот им предавал математика.

„Според обвинителството сомничениот од септември  2023 до 11.05.2026  користел прилика во која на девојчињата им држел дополнителни часови во образовниот центар и им се приближувал и ги допирал по телото“.

Случајот бил откриен откако родителите пријавиле во полиција. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот .

Случајот во Штип, го отвори и прашањето колку приватните образовни центри се безбедни , но и контролирани од институциите. Бидејќи тие не се под надлежност на Министерството за образование и наука, нема системски надзор врз нивната работа, посочи министерката Весна Јаневска. Таа најави дека се потребни законски решенија со кои овие центри ќе бидат ставени под институционална контрола.

„За жал ваквите образовни центри не се во надлежност на Министерството за образование и наука, посочи министерката Весна Јаневска, која потенцираше дека во наредниот период донесувањето на закон со кој ќе се регулира нивното работење, ќе биде приоритет на министерството„ изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Со судска наредба извршен е претрес во неговиот дом и образовниот центар од каде се одземени предмети за понатамошна истрага. Инаку станува збор за приватен образовен центар кој повеќе од една деценија работи во Штип.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top